сабота, 24. јули 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Атлетико Мадрид тргна по потписот на Елиф Елмас

Атлетико Мадрид тргна по потписот на Елиф Елмас

Шпанскиот првак Атлетико Мадрид е силно заинтересиран за македонскиот репрезенативец Елиф Елмас. Младата македонска ѕвезда е прв пик на тренерот Диего Симеоне за ново засилување во средниот ред, а посебно доколку се реализира трансферот на Саул Нигез во Баерн Минхен. Аргентинскиот стратег веќе го заокружил Елмас како прва опција за трансфер на „Ванда Метрополитано“ ова лето.

Елмас игра одлично во дресот на фудбалската репрезентација на Македонија, заедно со Горан Пандев и со Аријан Адеми е носител на играта на „црвено-жолтите“ и меѓу главните адути на селекторот Игор Ангеловски.

На утрешниот меч против Украина, Елиф Елмас ќе го следат голем број скаути, од Атлетико Мадрид, но и од Борусија Дортмунд, Лајпциг и Хофенхајм.

Португалскиот гигант Бенфика исто така не се откажува од можноста да го купи Елиф Елмас иако Наполи ја одби понудата вредна 25 милиони евра.

Коронавирус