четврток, 19. јули 2018. Вести денес: 133
home Фудбал

Атлетико Мадрид ќе добие 26 милиони евра од УЕФА

Атлетико Мадрид ќе добие 26 милиони евра од УЕФА

Атлетико Мадрид ќе добие од Европската фудбалска федерација (УЕФА) повеќе од 26 милиони евра за учеството во евро-куповите оваа сезона.

„Јорганџиите“ за освојувањето на Лига Европа по синоќешниот триумф над Марсеј (3:0) ќе добијат 6,5 милиони, за учеството во полуфиналето 1,6, а за партиципирањето во четвртфиналната фаза еден милион.

Покрај овие средства, Атлетико од УЕФА ќе добие 16 милиони евра за учеството вп групната етапа од Лигата на шампионите во првиот дел од сезоната.

МИА