четврток, 22. август 2019. Вести денес: 77
home Фудбал

Атлетико ќе го продолжи договорот со Облак и ќе го зголеми износот на откупната клаузула

Атлетико ќе го продолжи договорот со Облак и ќе го зголеми износот на откупната клаузула

Атлетико е близу до продолжување на договорот со голманот Јан Облак, објавија шпанските медиуми.

Сегашниот договор на 26-годишниот Словенец истекува летото 2021 година. Клубот од Мадрид сака да го зголеми износот на откупната клаузула за голманот, која во моментов изнесува 100 милиони евра.

Облак одигра вкупно 50 натпревари за Атлетико во 2018, прими 36 гола. Го освои трофејот во Лига Европа и свропскиот Супер куп.

Во Словенија, Облак беше прогласен за најдобар фудбалер во 2018.