петок, 14. мај 2021. Вести денес: 71
Во живо

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Мицкоски во посета на општина Битола

home Фудбал

Атлетико ѝ кажа збогум на Суперлигата, уште само четири клуба се „за“ неа!

Атлетико ѝ кажа збогум на Суперлигата, уште само четири клуба се „за“ неа!

Суперлигата е пред тотален крах, а најновото откажување доаѓа од Шпанија, од каде Атлетико Мадрид реши да се повлече, иако сакаше да биде дел од ново елитно натпреварување формирано од Перез, Ањели и Глејзер.

„Јорганџиите“ објавија официјално соопштение, во кое потенцираа дека по разговор со управата решено е тимот да се повлече од идејата за ова натпреварување. Истовремено, се потенцира дека Симеоне и играчите се среќни што е донесена оваа одлука.

Суперлигата за која првично беа „за“ 12 европски гиганти, остана на само уште четири клуба. Тоа се шпански Реал Мадрид и Барселона, како и италијански Милан и Јувентус.

Според најавите, следен кој ќе повлече нога и ќе ѝ каже збогум на Суперлигата е калчолигашот Милан.

Коронавирус