недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Атлетико бара 30 милиони евра за Врсаљко

Атлетико бара 30 милиони евра за Врсаљко

Шпанскиот клуб Атлетико Мадрид е подготвен да го продаде освојувачот на сребрен медал од неодамна завршеното светско првенство Хрватот Шиме Врсаљко за 30 милиони евра.

„Јорганџиите“ сакаат да го продадат Врсаљко и со парите да се обидат да го привлечат Џибрил Сидибе од Монако како негов заменик. Атлетико Мадрид ќе упати понуда за Сидибе само ако претходно го продаде Врсаљко.

За хрватскиот репрезентативец има голем интерес од Наполи, Роми и Интер. Од Атлетико планираат да го продадат 26-годишниот фудбалер, но не и да го праќаат на заем во друг тим, како што побара Интер. „Нероазурите“ понудија да му платат 5 милиони евра на Атлетико Мадрид за да го изнајмат Врсаљко, а во договорот меѓу двата клуба да биде вклучена клаузула за негово задолжително откупување од италијанскиот клуб следното лето.

Во оваа фаза, тренерот на тимот, Диего Симеоне е силно против такво сценарио.

Коронавирус