недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 78
home Фудбал

Аталанта бара десет милиони евра за Гомез

Аталанта бара десет милиони евра за Гомез

Аталанта ќе бара отштета од десет милиони евра за Аргентинецот Папу Гомез (32), кој поради несогласување со тренерот Џанпјеро Гасперини, сака да го напушти италијанскиот фудбалски прволигаш во јануарскиот преоден рок.

Гомез, кој има договор до јуни 2023, се надеваше дека ќе може да го напушти клубот како слободен играч, но, како што пишува денеска весникот „Газето дело Спорт“, таквата опција е многу малку веројатна, откако односите меѓу Гомез и раководството на клубот се затегнати на највисоко ниво.

Несогласувањата испливаа на површина за време на мечот против Митјиланд во Лига Европа, кога капитенот на Аталанта одби да ги послуша советите на тренерот, наместо по средината, да игра повеќе на крилните позиции.

Италијанските медиуми, тогаш, објавија дека атмосферата во соблекувалната на Аталанта по натпреварот била вжештена, а наводно имало и физичка пресметка.

Гомез дојде во Аталанта од украинскиот прволигаш Металист Харков за 4.5 милиони евра во 2014 година, а најголем интерес да го донесат во своите редови покажуваат Милан и Интер. (МИА)

Коронавирус