среда, 23. септември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Астон Вила е заинтересирана за Ориги

Астон Вила е заинтересирана за Ориги

Фудбалерот на Ливерпул, Дивок Ориги може да ја продолжи кариерата во Астон Вила, објави „The Sun“.

Според британскиот весник, клубот од Бирмингем сака да ја засили напаѓачката линија со 25-годишниот Белгиец. Самиот играч има намера да добие повеќе време за играње, за да учествува на Европското првенство како дел од репрезентацијата на Белгија.

Во сезоната 2019/20, Ориги одигра 28 натпревари постигна шест гола и една асистенција. (МИА)

Коронавирус