петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Асенсио покажа дека е мајстор со топка, но ги разлути челниците во Реал (Видео)

Асенсио покажа дека е мајстор со топка, но ги разлути челниците во Реал (Видео)

Некои играчи едноставно не можат да бидат мирни во карантин.

Марко Асенсио уште целосно нема закрепнато од тешката повреда на лигаментите, но покажа дека мајсториите со контрола на топката ги нема заборавено. Додека седи во карантин, Асенсио реши да се истакне. Во својот двор со копачки на нозете најпрво почна да жонглира, а потоа застана на бетон покрај неговиот базен и започна да изведува интересни потези.

Талентираниот играч ја шутираше топката во ѕидот и не дозволуваше да му падне или да заврши во базенот, додека стоеше на влажниот бетон. Токму овој момент дека Асенсио не размислуваше дека стоењето на воден бетон со копачки може многу лесно да доведе до лизгање и нова повреда, ги разбесни челниците во Реал Мадрид.

Едноставно, играчите на Реал не може да мируваат. Вчера во центарот на вниманието беше Лука Јовиќ, кој го напушти карантинот за да замине во Белград кај својата девојка, па сега напаѓачот може да добие и кривична пријава во Србија затоа што не се јавил на 14-дневен карантин при влезот во земјата.

Коронавирус