четврток, 5. август 2021. Вести денес: 99
home Фудбал

АС: Анчелоти го сака својот син за прв асистент, Реал Мадрид има друг план

АС: Анчелоти го сака својот син за прв асистент, Реал Мадрид има друг план

Карло Анчелоти на почетокот на јуни беше претставен за нов тренер на Реал Мадрид, а сега со клубот се обидува да најде решение за негов помошник на местото прв асистент, пишува шпански АС.

Искусниот италијански тренер на таа позиција сака да го постави својот син Давиде, кој му беше помошник во Наполи и Евертон, но Реал има друг план и таа позиција сака да му ја додели на свој поранешен играч.

Станува збор за Алваро Арбелоа, кој е најблиску до оваа позиција според АС. Поранешниот шпански репрезентативец има УЕФА про лиценца.

Давиде со својот татко соработуваше од моментот кога Карло Анчелоти го започна својот прв мандат во 2015-та година. Беше член на неговиот стручен штаб во Баерн Минхен, а улогата на прв помошник ја имаше во текот на својата епизода во Наполи и Евертон.

Реал има пракса до стручниот штаб на првиот тим да постави некој од поранешните фудбалери на клубот, а на своите легенди главно им дава функции во младинскиот погон, ако не успее да ги вклучи во првиот тим.

Коронавирус