недела, 27. септември 2020. Вести денес: 108
home Фудбал

Артим Шаќири е легенда во Македонија, а ќе игра ревијална средба за Албанија!?

Артим Шаќири е легенда во Македонија, а ќе игра ревијална средба за Албанија!?

Стрелецот на еден од најубавите голови во историјата на македонската фудбалска репрезентација, Артим Шаќири, кој погоди директно од корнер на гостувањето кај Англија во 2002 година, помалку зачудувачки, на 10 јануари ќе одигра натпревар во дресот на – Албанија.

Станува збор за настап за ветеранската селекција на нашиот западен сосед и тоа на хуманитарен настан на кој ќе настапат ѕвезди на Италија кои беа светски шампиони од 2006 година, на Грција од триумфалниот настап на ЕП 2004 и на Турција од Мундијалот во 2002 година. Ќе се игра за помош на жртвите на катастрофалниот земјотрес во Драч и тоа под мотото „играме и обновиваме“, а средбата ќе се случи на новиот „Аир Албанија“ стадион во Тирана.

Покрај Шаќири, во составот на Албанија ќе настапи уште еден поранешен македонски репрезентативец и тоа Ндерим Неџипи.

Коронавирус