четврток, 9. декември 2021. Вести денес: 1
home Фудбал

Артета: Помина многу откако Арсенал не бил шампион, но Ливерпул треба да ни биде пример

Артета: Помина многу откако Арсенал не бил шампион, но Ливерпул треба да ни биде пример

Тренерот на Арсенал, Микел Артета зборувајќи за шансите за титула на Арсенал, искажа надеж дека „топџиите“ ќе дојдат до шампионскиот пехар во догледно време.

Последен пат Арсенал стана првак во 2004 година.

„Помина многу време, но Ливерпул треба да биде нашиот пример. Знаеме колку долго не беше шампион на Англија. Се е можно и ништо не е недостижно. Секогаш размислувам позитивно кон остварување на целта. Тоа треба да биде нашата цел. Клубот во минатото имаше успех, и ние треба да се обидеме да дојдеме повторно до титулата“, рече Артета.

Коронавирус