вторник, 2. август 2022. Вести денес: 0
АКТУЕЛНО

ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА: Три лица загинаа откако со возило излетале од коловоз

home Фудбал

Артета не е задоволен од раководството на Арсенал

Артета не е задоволен од раководството на Арсенал

Тренерот на Арсенал, Микел Артета е незадоволен од раководството на клубот, кое го одложува потпишувањето на договорите со засилувањата и сака лично да ја разгледа секоја зделка.

Артета е загрижен дека поради ова на „топчиите“ може да им недостига напаѓачот на Манчестер сити, Габриел Жесус, пишува „Дејли мејл“.

Според бритаснкиот весник, Шпанецот е изнервиран од бавноста во трансфер зделките. Артета сака што поскоро да добие нов напаѓач. Сепак, за секој поголем трансфер во Арсенал потребно е одобрение од американските сопственици.

На крајот од сезоната 2021/22, Арсенал заврши на 5. место во Премиер лигата со 69 бодови. (МИА)

Коронавирус