понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Артета: Арсенал во Премиер лигата не е толку опасен во нападот како во Лигата на Европа

Артета: Арсенал во Премиер лигата не е толку опасен во нападот како во Лигата на Европа

Тренер на Арсенал, Микел Артета, по синоќешната победа над Рапид Виена (4:1) во Лигата на Европа направи компарација на играта на своите избраници во офанзивниот ред, на меѓународна и на домашна сцена.

– Ние секогаш играме агресивно, но во Премиер лигата противниците се многу построги, па кога ќе направите грешка, мора да платите. Во Премиер лигата не сме толку страшни во нападот како во Лигата на Европа. Задоволен сум од многумина. Оние кои беа повредени и промашија многу, работеа многу напорно и драго ни е што се вратија во акција. Одлично е што Лаказет постигна гол, некои од играчите покажаа брилијантен фудбал, добро се покажаа и младите, истакна Артета.

Арсенал во Лига Европа има максимални пет победи во Б-групата, додека во Премиер лигата е на 14. место по десет кола.

Коронавирус