петок, 4. декември 2020. Вести денес: 133
home Фудбал

Арсенал со прв успех по враќањето на Премиер лигата

Арсенал со прв успех по враќањето на Премиер лигата

Арсенал ја оствари својата прва победа по обновувањето на Премиер лигата – 2:0 како гостин на Саутемптон.

Двата гола на „топџиите“ паднаа по сериозни грешки на голманот на домаќините Алекс Мекарти.

Во 20-тата минута Еди Нкетиа донесе предност на тимот на Артета, а во 87-та минута Џо Вилок ги доврши „светците“.

Така, Арсенал ја премина низата од два последователни порази и сега е на 9-то место со 43 поени, шест зад 5-тиот Манчестер Јунајтед.

Саутемптон се на 14-то место со 37.

Коронавирус