вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Арсенал склучи со Адидас договор вреден 300 милиони фунти

Арсенал склучи со Адидас договор вреден 300 милиони фунти

Англискиот премиерлигаш Арсенал потпиша петгодишен договор со производителот на спортска опрема Адидас, вреден 300 милиони фунти – по 60 милиони фунти по сезона.

Арсенал по пет сезони раскинува договор со Пума и преминува на Адидас од кој доби втор најсилен договор во светот, по Манчестер Јунајтед (85 милиони фунти годишно).

Клубот од Лондон од германската компанија доби дури двојно подобри услови во однос на Пума (150 милиони фунти за пет сезони). Фудбалерите на Арсенал по 25 години од 1 јули 2019 година ќе играат во опрема на Адидас.

МИА

Коронавирус