сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 67
home Фудбал

Арсенал се ослободува од вишокот фудбалери

Арсенал се ослободува од вишокот фудбалери

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, обелодени денеска дека приоритет на клубот во претстојниот зимски преоден рок ќе биде да се ослободи од вишокот фудбалери.

-На некои позиции во тимот имаме премногу играчи. Некои од нив ќе бидат позајмени, а некои ќе заминат за постојано. Тоа е нашиот приоритет. Дури тогаш ќе имаме увид на кои места во екипата ќе ни бидат потребни засилувања, изјави Артета на конференцијата за новинари пред утрешното гостување кај Вест Бромвич Албион.

Договорот на најскапо платениот фудбалер на лондонскиот премиерлигаш Месут Озил истекува идното лето, а според британските медиуми, пред заминување од клубот се и Шкодран Мустафи и Сеад Колашинац.

Коронавирус