сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 82
home Фудбал

Арсенал нуди двајца играчи за ѕвездата на Лестер

Арсенал нуди двајца играчи за ѕвездата на Лестер

Англискиот премиерлигаш Арсенал е во потрага по креативец откако стана јасно дека Реал Мадрид нема намера одново да го пушти Мартин Одегард, па клубот од Лондон се насочи кон други цели со тоа што прв на списокот е Џејмс Медисон од Лестер Сити.

Микел Артета во Медисон гледа идеален играч кој може да се вклопи во неговата формација, визија за екипата, меѓутоа „топчиите“ се пред сериозен предизвик, задача да ги убедат „лисиците“ да се откажат од повремениот англиски репрезентативец.

Лестер има поставено висока цена, но Арсенал не се откажува и има намера да вкулучи и играчи за да се реализира трансферот. Според „Дејли Мејл“, тимот од „Емирејтс“ е подготвен во зделката од 50+милиони фунти да ги вклучи Рис Нелсон или Ејнсли Мејтленд-Најс.

Останува да видиме како ќе течат преговорите по оваа понуда која ако не биде доволна тогаш Арсенал може да се насочи кон Лил и кон ангажман на Ренато Санчез.

Прволигашот има добри односи со францускиот шампион од кого во минативе години ги доведе Пепе и Габриел.

Коронавирус