среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 93
home Фудбал

Арсенал не верува во Љунберг: Легендата наскоро ќе добие отказ

Арсенал не верува во Љунберг: Легендата наскоро ќе добие отказ

Арсенал е во паника по серијата лоши резултати во Премиерлигата. Клубот го отпушти Унаи Емери и го назначи Фреди Љунберг како привремен менаџер.

Поранешниот фудбалер на „топчиите“ не ги поправи работите па под негово водствот тимот ремизираше со Норич, а потоа загуби на домашен терен од Брајтон. Челниците на Арсенал не се убедени во квалитетите на Швеѓанецот и веќе му подготвуваат замена.

Планот беше доколку Љубнерг успее да го разбуди тимот да добие шанса до крајот на сезоната, а потоа Арсенал да назначи искусен и проверен менаџер. Сепак, лошите резултати ќе го забрзаат процесот на барање нов „кормилар“. Љунберг најверојатно ќе се врати да го тренира резервниот тим на премиерлигашот.

Високо на листата на желби на Арсенал се Маурисио Покетино и Масимилијано Алегри.