среда, 12. август 2020. Вести денес: 160
home Фудбал

Арсенал ќе се обиде да го врати Ремзи

Арсенал ќе се обиде да го врати Ремзи

Арсенал ќе се обиде да го врати Арон Ремзи само една година откако фудбалерот одлучи да замине и да ја продолжи кариерата во Јувентус.

Италијанскиот шампион го привлече Велшанецот како слободен агент, но 29-годишниот играч од средниот ред има потешкотии да се прилагоди во Серија „А“. Пред една недела, „Тутоспорт“ излезе со информации дека Ремзи може да го напушти Јуве во текот на летото.

Од почетокот на сезоната, играчот од средниот ред има само 19 натпревари за Јувентус, повеќето од нив како резерва.

Сепак, Маурисио Сари го бранеше Велшанецот пред денешното полуфинале со Милан во Купот на Италија, велејќи дека играчот ја враќа довербата, иако му беше тешко да се прилагоди по неговиот долг престој во Премиер лигата.

Ремзи помина 11 години во Арсенал, одигра 371 натпревар и постигна 64 гола за лондонскиот тим.

Коронавирус