четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 64
home Фудбал

Арсенал ќе разговара со Вилшер

Арсенал ќе разговара со Вилшер

Лондонски Арсенал е спремен да му даде нова шанса на Џек Вилшер кој остана без клуб.

Поранешниот играч за врска на „топџиите“ е слободен играч откако му заврши договорот со Бурнемоут, а менаџерот Микел Артета истакна дека ќе разговара со него за плановите за во иднина.

„Ќе разговараме со Џек да знаеме која е неговата цел. Тој е човек кој го обожаваат. Сакаме да му помогнеме на најдобар начин. Не би одел така далеку да зборувам дека ќе заигра повторно за Арсенал. Само можам да кажам дека ќе разговараме со него за да му помогнеме“; изјави Артета.

Вилшер за Артета играше од 2008 до 2018 година. Настапи на 197 натпревари и постигна 14 голови.

Локални избори 2021