сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Арсенал ќе му понуди на Оубамејанг тригодишен договор

Арсенал ќе му понуди на Оубамејанг тригодишен договор

Арсенал сака да го обнови својот договор со напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг. „Топџиите“ ќе му понудат на 31-годишниот Габонец тригодишен договор со плата од 250.000 фунти неделно. Сега тој добива 180 илјади објави „The Mirror“.

Актуелниот договор на напаѓачот со Арсенал истекува на крајот на јуни 2021 година. Во сезоната 2019/20 година, Обамејанг одигра 44 натпревари за Арсенал, постигна 29 погодоци и три асистенции.

Арсенал во саботата го освои ФА Купот најмногу по заслуга на Обамејанг кој ги постигна двата гола против Челзи. (MИА)

Коронавирус