сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 66
home Фудбал

Арсенал ја бележи најслабата реализација во Премиер лигата во последните 22 години

Арсенал ја бележи најслабата реализација во Премиер лигата во последните 22 години

Арсенал загуби синоќа на домашен терен од Астон Вила со 3:0 во натпреварот од Премиер лигата. За 8 кола, лондонци имаат само девет гола.

Ова е нивниот најлош резултат во ефикасност од сезоната 1998/99, кога на првите осум натпревари од Премиер лигата постигнаа исто така девет гола.

Во моментов Арсенал е на 11. место на табелата со само 12 бода од можни 24.

Во горниот дел на табелата се Лестер со 18 бода, Тотенхем и Ливерпул со по 17, Саутемптон има 16.

Коронавирус