петок, 17. септември 2021. Вести денес: 82
home Фудбал

Арсенал испрати понуда за одличниот Аргентинец – пристига ли големо засилување на „Емирати“

Арсенал испрати понуда за одличниот Аргентинец – пристига ли големо засилување на „Емирати“

Офанзивниот играч на Интер, Лаутаро Мартинез е на списокот со желби на Арсенал.

Лондонски Арсенал сака да влезе во новата сезона со многу подобар тим отколку што имаше во последната, а еден од оние играчи за кои „топџиите“ веруваат дека ќе ја подигнат нивната игра на повисоко ниво е Лаутаро Мартинез.

Според „Телеграф“, лондонскиот клуб испратил официјална понуда до Интер, но вредност не истата не е позната.

Се чека одговорот на Интер, а имајќи предвид дека тимот од Милано има најголеми амбиции следната сезона, тешко дека ќе се реши да продаде.

Минатата сезона Лаутаро Мартинез пружи одлични игри. Аргентинецот одигра 38 натпревари во Серија А и постигна 17 голови, на кои додаде шест асистенции.

Коронавирус