петок, 25. септември 2020. Вести денес: 142
home Фудбал

Арсенал им се врати на победите, триумф над Барнли

Арсенал им се врати на победите, триумф над Барнли

Со два гола на Обамејанг и еден на Ивоби, Арсенал го победи Барнли со 3-1 и освои три нови бода важни за борбата за позициите кои водат во Лигата на шампионите.

По поразите од Саутемптон и Тотнем, Арсенал им се врати на победите откако денеска во првиот денешен меч од Премиерлигата го совлада тимот на Барнли.

Резултатот рано беше отворен, Озил фантастично додаде до Колашинац во 14. минута, а тој асистираше до Обамејанг кој постигна гол за водство на Арсенал од 1-0.

По три минути игра во второто полувреме нов гол на Обамејанг, Лаказет асистираше до стрелецот кој со силен удар ја смести топката под пречката на Барнли.

Гостите се вратија во игра со гол на Барнс во 63. минута, се обидуваа да избегнат пораз се до судиското продолжение во кое Ивоби даде гол и ги постави конечните 3-1.

Коронавирус