недела, 19. мај 2019. Вести денес: 67
home Фудбал

Арсенал и Челси ќе добијат по шест илјади билети за навивачите во финалето на ЛЕ

Арсенал и Челси ќе добијат по шест илјади билети за навивачите во финалето на ЛЕ

Арсенал по победата над Валенсија во полуфиналето на Лигата на Европа (4:2) го објави почетокот на продажба на билетите за финалниот дуел. Според прес-службата на клубот „топџиите“ добиле од 6.000 билети за нивните фанови.

Вториот финалист, Челси, го добил истиот број на билети.

Ние сме во активни разговори со УЕФА за да добиеме повеќе билети за нашите навивачи, но оваа разочарувачка бројка ни создава големи тешкотии за да ја задоволиме побарувачката на нашите верни фанови. Како што знаете, ние сме горди што имаме околу 45 илјади носители на сезонски билети и повеќе од 180 илјади официјални членови на фан клубот. Невозможно е со само 6.000 билети за финалето, да се излезе во пресрет на илјадниците фанови кои го поддржаа клубот години наназад, а оваа сезона нема да можат да присуствуваат на финалето. Ова е разочарувачка ситуација, па дистрибуцијата на билети ќе се одвива според посебна процедура, соопштиле од Арсенал.

Финалето на Лига Европа ќе се одржи во Баку на 29 мај на „Олимпискиот стадион“ кој е со капацитет од 68.000 гледачи.