Денеска беше официјализиран трансферот на Мет Тарнер, 28 годишен голман кој доаѓа од Њу Ингланд Револушн и кој со Арсенал потпиша повеќегодишен договор.
Искусниот голман е донесен за резервна опција за Арон Рамсдејл кој ќе остане прв чувар на мрежата, додека Бернд Лено ќе биде продаден во овој преоден рок.
Микел Артета истакна дека е задоволен што во својот тим донеле играч од калиброт на Тарнер кој е редовен репрезентативец на САД.