вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Арсенал го има својот најлош старт последните 39 години во Премиер лигата

Арсенал го има својот најлош старт последните 39 години во Премиер лигата

Во натпреварот од 11-тото коло на англискиот шампионат, Арсенал вчеравечер загуби од Тотенхем со 2:0. Избраниците на Микел Артета го бележат најлошиот резултат на клубот во последните 39 години, освојувајќи 13 бода на 11 натпревари од почетокот на Премиер лигата.

Според сегашниот пласман, лондонскиот клуб тешко да обезбеди пласман и во Лигата на Европа, а не пак во Лигата на шампионите што беше амбиција пред почетокот на сезоната.

Последен пат „топчиите“ покажаа ваков резултат во сезоната 1981/82. Тогаш тимот постигна 12 бода на 11 кола, но на крајот завршија на 5. место.

Во моментов Арсенал се наоѓа на 15. место во поредокот во Премиер лигата. (МИА)

Коронавирус