сабота, 31. јули 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Арнаутовиќ се договори со Болоња, ќе стане најплатен играч на тимот

Арнаутовиќ се договори со Болоња, ќе стане најплатен играч на тимот

Марко Арнаутовиќ е на чекор да се врати во Европа и да потпише за екипата на Болоња, откако веќе ги договорил личните услуги со италијанскиот калчолигаш, пишуваат тамошните медиуми.

Искусниот напаѓач, кој моментално ги брани боите на Австрија на Европското првенство, за да го реализира својот премин на „Чизманта“ да се раздели со Шангај СИПГ и како слободен агент да потпише за Болоња.

Наводно, на маса го чека тригодишен договор со Болоња, според кој би заработувал по 2.700.000 милиони евра по сезона, со што би станал најплатен фудбалер на тимот кој го води Синиша Михајловиќ.

Арнаутовиќ беше еден од стрелците на Австрија на дуелот против Македонија на Европското првенство, а поради недоличното однесување и навредите кон Алиоски, УЕФА го суспендира на еден натпревар.

Коронавирус