понеделник, 26. јули 2021. Вести денес: 179
home Фудбал

Аријан Адеми: Многу сум горд на се што постигнав оваа сезона

Аријан Адеми: Многу сум горд на се што постигнав оваа сезона

Капитенот на загрепски Динамо и македонски фудбалски репрезентативец Аријан Адеми, го крена шампионскиот трофеј, десетти за него од вкупно 19 трофеи што ги освои во хрватскиот великан како круна на сезоната за паметење која е историска и за клубот и за него.

„Многу сум горд за сѐ што постигнав со Динамо. Ова беше тешка сезона, многу долго траеше, ама на крај сите сме горди што на овој начин ја завршуваме сезонава. Ова беше еден голем успеј за сите нас, голема работа за Динамо, ама најважно е да продолжиме да освојуваме трофеи и се надевам дека истото ќе го сториме и идната сезона. Наш најголем адут е заедништвото и карактерот што го има оваа екипа“, рече Адеми.

 

Коронавирус