сабота, 28. март 2020. Вести денес: 96
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Аргентински тренер целосно одлепи, па го фати судијата за врат (ВИДЕО)

Аргентински тренер целосно одлепи, па го фати судијата за врат (ВИДЕО)

Често пати тренерите знаат да „одлепат“ поради судиските одлуки, а една таква сцена овој пат беше видена во аргентинското првенство.

Имено, тренерот Унион, Леонардо Маделин, доби црвен картон за време на натпреварот во првата лига против Кордоба поради судир со четвртиот судија.

Маделин прво го бутна четвртиот судија во текот на расправијата, а потоа го фати за врат. Ова беше доволна причина главниот судија да му покаже црвен картон на тренерот, а несомнено е дека Маделин ќе добие далеку поголема суспензија од страна на Аргентинската фудбалска федерација.