сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 103
home Фудбал

Антонио Конте нов тренер на Реал Мадрид?

Антонио Конте нов тренер на Реал Мадрид?

Агентот на италијанскиот фудбалски стручњак Антонио Конте во овие моменти има средба со претседателот на Реал, Флорентино Перез, објавија шпанските медиуми.

Претходно беше објавено дека во наредните неколку часа, тренер на „кралскиот клуб” Хулен Лопетеги, ќе биде разрешен по вчерашниот пораз во натпреварот од десеттото коло на шампионатот на Шпанија против Барселона (1:5).

49-годишниот Конте сé уште не го раскинал договорот со Челзи, но лондонскиот клуб ќе биде среќен ако Италијанецот си најде нова работа, бидејќи во тој случај ќе биде прекинат судскиот спор поради негово разрешување од тренерското место на „Сините“.

За потсетување, Конте беше тренер на Челзи, Јувентус и италијанската репрезентација.

Коронавирус