четврток, 22. август 2019. Вести денес: 136
home Фудбал

Aнте Ребиќ останува во Ајнтрахт до 2022 година

Aнте Ребиќ останува во Ајнтрахт до 2022 година

Хрватскиот фудбалер Анте Ребиќ останува во Ајнтрахт Франкфурт, откако со клубот потпиша нов четиригодишен договор.

Ребиќ е еден од клучните играчи на Ајнтрахт во изминатите две сезони, а летово се појавија гласини дека доскорешниот тренер и сонародник Нико Ковач планира да го поведе со себе во Баерн Минхен.

Ајнтрахт успеа да го задржи и покрај интересот на силните клубови, истакна спортскиот директор на клубот, Фреди Бобич.

Хрватскиот фудбалер во дресот на Ајнтрах досега постигна осум голови.

(Миа)