сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 36
home Фудбал

Ансу Фати пак се повреди

Ансу Фати пак се повреди

Проблемите со повредените фудбалери на Барселона уште повеќе се продлабочија откако и Ансу Фати отпадна од комбинација за настап на денешниот дуел против Рајо Валјекано. Суперталентираниот млад офанзивец неодамна се врати во тимот по пауза од речиси цела сезона, постигна и неколку голови за Барса, но по дербито со Реал Мадрид се пожали на болка во коленото на десната нога.

Куман на вчерашната прес-конференција најави дека настапот на Фати е неизвесен, за утрово да биде обелоденето дека „десетката“ на Барселона нема да патува со остатокот на тимот за мечот со Рајо.

Во текот на денешниот ден врз Фати ќе бидат извршени детални прегледи, по што ќе биде познато колку долга ќе биде неговата пауза од фудбалските терени.

Покрај Ансу Фати, Роналд Куман нема да може да смета ниту на Френки де Јонг, а подолго време повреден е и Бреитвајт.

Коронавирус