недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Ансу Фати: Мора да се подобрам, Бускетс и Куман вчера сакаа да ме убијат (Видео)

Ансу Фати: Мора да се подобрам, Бускетс и Куман вчера сакаа да ме убијат (Видео)

Ансу Фати денеска стави официјален потпис на долгорочен договор со Барселона до 2027-ма година, неполни 24 часа по натпреварот во Лигата на шампионите против Динамо Киев.

Новата „10-ка“ на Барселона не го криеше воодушевувањето што останува во својот фудбалски дом и му се заблагодари на претседателот Лапорта за укажаната доверба, но покрај тоа што откри дека одбил неколку понуди за да остане на „Камп Ноу“, искрено говореше и за она што го чека во иднина.

Како голем фудбалски талент, Ансу Фати е свесен дека дополнително треба да созрева и да се подобрува, а добар пример е вчерашната акција против Динамо, кога беше себичен и не им додаде на Бускетс и Кутињо кои беа осамени пред голот.

И покрај доброто расположение со оглед продолжувањето на договорот, Ансу Фати призна дека капитенот Бускетс и Куман биле многу лути на него за изведената атракција, која за среќа не го чинеше тимот прескапо.

– Бускетс ми викаше вчера за таа акција. Имав опција да додадам и да биде поедноставно, но за жал шутнав и не излезе добро. Ќе му додадам следниот пат за да не ме убие. Јас сум напаѓач и донесов одлука да шутна, на крајот не испадна добра одлука. Се налути и Куман, но свесен сум дека имам уште работи за учење, особено од поискусните во Барселона, изјави Фати.

Коронавирус