понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 191
home Фудбал

Ањели: Во време на пандемија клубовите треба да се потпираат на желбите на навивачите

Ањели: Во време на пандемија клубовите треба да се потпираат на желбите на навивачите

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, зборуваше за тоа како се сменил фудбалот за време на пандемијата на коронавирус.

– Заедничката работа ни овозможи да ја завршиме сезоната 2019/2020 и да ја започнеме следната. Но, проблемите поврзани со коронавирусот сè уште остануваат. Фудбалот мора да се смени. На стадионите сè уште нема навивачи. Треба да работиме на организирање спектакуларни натпревари, во спротивно ќе ги загубиме нашите навивачи. Затоа, разговараме за оваа насока со УЕФА. Треба да ги ставиме навивачите во центарот на вниманието. Сегашниот систем не е погоден за современите навивачи, го цитира „Фудбал Италија“ Ањели.

Јувентус е еден од неколкуте европски фудбалски гиганти кои има голем број навивачи низ целиот свет.

Локални избори 2021