петок, 31. март 2023. Вести денес: 46
home Фудбал

Ањели подготвува нова бомба: Зидан пристигнува во Јувентус- ова се деталите

Ањели подготвува нова бомба: Зидан пристигнува во Јувентус- ова се деталите

Кога пред десетина дена прв пат се спомена она „Роналдо во Јувентус“, многумина не можеа да веруваат. Како минуваше времето, а Јувентус ја носеше при крај еден од најголемите трансфери во историјата на фудбалот, „отпорот“ опаѓаше, се до пред некој ден кога официјално стигна потврда од двата клуб.

А и тогаш ги имаше оние мал број на луѓе кои велеа да почекаме да го видиме со дресот во раце. Вчера се појави дресот. Пред промоцијата се појави информација дека во салата би можел да се најде и Зинедин Зидан. Него го немаше, но ќе биде во Јувентус од октомври. И тоа ќе биде секојдневно, затоа што Зидан исто така доаѓа во Торино изгледа.

Ова е уште една потврда дека во модерниот фудбал е се возможно. Оваа информација ексклузивно ја објави мадридскиот „Либертад Дигитал“, а набрзо ја пренесоа голем број светски медиуми.

За што се работи?

Зинедин Зидан ќе биде поставен на местото советник на спортскиот директор Фабио Паратичи. Од весникот се повикуваат на извори блиски до семејството Ањели, истакнувајќи дека Зидан на новата позиција ќе стапи за два и пол месеци. Би се рекло ништо помалку изненадувачки од моментот кога Зидан доаѓаше или заминуваше од клупата на Реал Мадрид. Сосем очигледно, клучот за се е Кристијано Роналдо.

Самиот доаѓање на местото советник на спортскиот директор на Јувентус и не некој сензационален трансфер, но овој потег јасно имплицира во кој правец ќе се развива кариера на Зидан. Или фотелјата наменета за спортскиот директор или местото тренер по заминувањето на Масимилијано Алегри. Што ќе биде ќе видиме, но повеќе личи дека ќе биде второто.

Во наредните денови се очекуваат повеќе детали.