сабота, 15. декември 2018. Вести денес: 0
home Фудбал

Ањели: Целта на мојот дедо е исполнета, мојата е Јувентус да стигне до 40 титули пред миланските тимови да стигнат до 20

Целта на мојот дедо беше Јувентус  да стигне 30-тото Скудето  пред миланските клубови да стигнат до 20-тото. Мојата цел е да стигнеме до 40-тото Скудето, пред тие да стигнат до 20-тото, изјави Андреа Ањели,
Ањели: Целта на мојот дедо е исполнета, мојата е Јувентус да стигне до 40 титули пред миланските тимови да стигнат до 20

Најтрофејниот и најголемиот италијански фудбалски клуб Јувентус е оформен во 1897 година од група студенти во Торино, но своите најсветли години од историјата клубот ги доживува откако на негово чело застанува фамилијата Ањели, кои покрај како сопственици на Јувентус, се познати и како сопственици на италијанските автомобилски брендови Ферари, Фиат и Ланчиа, како и уште многу други компании.

Сепак, најголемата љубов и може да се каже милениче на семејството Ањели е фудбалскиот клуб Јувентус, клуб кои своите сопственици ги нема променето од 1923 година, кога Едоардо Ањели го презема клубот.

Легендарниот претседател на Јувентус, Умберто Ањели кажа дека неговата цел е Јувентус да стигне до 30 скудета, пред миланските ривали да стигнат до 20-тата титула, нешто и што му се исполни, Јувентус има 33 титули во Калчото, иако од клубот ги сметаат 35 бидејќи велат дека двете титули од 2005 и 2006 кои им беа одземени поради аферата Калчополи, е неправедно одземени. Додека миланските великани Интер и Милан имаат по 18.

Внукот на Умберто, Андреа Ањели, кој денес е претседател на Јувентус, кажа дека има поголеми амбиции од својот дедо, сега неговата цел е Јувентус да има 40 титули во Калчото, пред миланските тимови да дојдат до 20-тата титула.

-Целта на мојот дедо беше Јувентус  да стигне 30-тото Скудето  пред миланските клубови да стигнат до 20-тото. Мојата цел е да стигнеме до 40-тото Скудето, пред тие да стигнат до 20-тото, изјави Андреа Ањели.

Инаку, Јувентус е шампион на Италија шест години поред, а оваа година има најсериозна битка, моментално се на втората позиција со еден бод помалку од Наполи кој е на врвот и четири бода повеќе од Интер кој е на третата позиција.