вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 167
home Фудбал

Англискиот репрезентативец мора да одговори на обвиненијата за нелегалните обложувања до 11 февруари

Англискиот репрезентативец мора да одговори на обвиненијата за нелегалните обложувања до 11 февруари

Даниел Стариџ од Ливерпул мора да одговори на обвиненијата на Фудбалската асоцијација во Англија за нелегалните обложувања до 11 февруари, пишува „Скај Спортс“.

Почетниот рок за одговор на англискиот репрезентативец беше 20 ноември, но ФА го продолжи периодот. Во Англија, на играчи не им е дозволено да се обложуваат на фудбалски натпревари, како и да споделуваат инсајдерски информации со луѓе кои можат да ги искористат преку обложувања.

Дваесет и девет годишниот Стариџ направил две обложувања во јануари, кога беше на изнајмување во Вест Бромвич.

Минатата сезона на менаџерот на Флитвуд Таун, Џои Бартон, му беа суспендирани фудбалските права поради незаконски облози. Неговата 18-месечна казна надвор од фудбалот е намалена на само пет месеци.

Коронавирус