сабота, 30. јули 2022. Вести денес: 57
home Фудбал

Англискиот репрезентативец Филипс од Лидс во Сити за – 50 милиони фунти!

Англискиот репрезентативец Филипс од Лидс во Сити за – 50 милиони фунти!

Англискиот репрезентативец Калвин Филипс, членот на Лидс и некогашен соиграч на езџјан Алиоски во овој англиски клуб ја продолжува кариерата во шампионот Манчестер сити, објави „Скај Спорт“ откако двата клуба се договориле за трансфер.

Филипс веќе подолго време е на мета на најголемите англиски клубови, но Пеп Гвардиола добива нов извонреден фудбалер посебно во дефанзивниот дел на средниот ред, а за него според информациите на еден од најмоќните медиуми ќе изнесува до 50 милиони фунти.

Филипс е англиски репрезентативец и првотимец во тандем со вториот најбаран играч моментно на Островот, Деклан Рајс, кои се двоецот во централниот дел од средниот ред на „Гордиот Албион“, кој лани дојде до финале на Еуро 2020.

Коронавирус