недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 33
home Фудбал

Англиски навивач почина во Софија, најверојатно од предозираност со дрога

Англиски навивач почина во Софија, најверојатно од предозираност со дрога

Еден англиски навивач во Софија починал, неофицијално од предозираност со дрога. Вечерва од 20.45 часот, репрезентациите на Бугарија и Англија играат меч од квалификациите за ЕП 2020, а во главниот град на Бугарија допатуваа неколку илјади Англичани.

Во моментов се врши аутопсија, а според непотврдени информации, причина за смртта е предозираност од наркотични средства.

Според бугарските медиуми кои пренесуваат изјава од полицијата, навивачот колабирал на улица, и со возило на брза помош бил пренесен во болница, но била констатурана смрт. Има и две други пријави за инциденти кои ги правеле Англичаните, а имаше и една тепачка во која еден Англичанец се здоби со скршеница на раката.