сабота, 31. јули 2021. Вести денес: 26
home Фудбал

Англија со стил се пласираше во четвфиналето на ЕУРО 2020

Англија со стил се пласираше во четвфиналето на ЕУРО 2020

Англија се пласира во четвртфиналист на ЕВРО 2020 откако „Гордиот Албион“ успеа да го совлада големиот ривал Германија со 2-0, во пресметката што се играше на англискиот храм на фудбалот „Вембли“.

Цели 75 минути можеше да се проследи израмнета битка, но избраниците на Саутгејт знаеја како да ги искористат своите шанси во завршницата и благодарение на Рахим Стерлинг и на Хари Кејн да се најдат меѓу најдобрите осум селекции на „Стариот континент“.

Клучен беше моментот на влегувањето на Џек Грилиш.Асот на Астон Вила учествуваше во двете акции, додавајќи до асистентот Шо при водечкиот гол на Стерлинг, а потоа и самиот асистирајќи му на Хари Кејн за конечните 2-0.

Англичаните во четвртфиналето ќе се сретнат со подобриот од дуелот меѓу Шведска и Украина, што се игра вечерва во 21 часот.

Коронавирус