четврток, 30. март 2023. Вести денес: 136
home Фудбал

Англија под истрага од ФИФА поради скандирањата на фановите во мечот со Хрватска

Англија под истрага од ФИФА поради скандирањата на фановите во мечот со Хрватска

Фудбалската асоцијација на Англија е на мета на ФИФА поради скандирањата на фановите на репрезентацијата при поразот на Англија од 1:2 од Хрватска на Мундијалот 2018.

– Отворен е случај против Англиската фудбалска асоцијација, потврдија од ФИФА за Би-Би-Си.

Тие додадоа дека тој се однесува за пеење песни со потенцијална дискриминаторска содржина од англиските навивачи, но не е специфицирано за кое скандирање точно станува збор.

Англичаните може да бидат казнети во следните два дена.