вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 86
home Фудбал

Англија фуриозно против „Црвената фурија“

Англија фуриозно против „Црвената фурија“

Со фантастични 20-ина минути во првото полувреме, Англија обезбеди недостижно водство од 3:0 синоќа на гостувањето кај Шпанија. Домаќините до крајот успеаја само да стигнат до минимален пораз со 2:3.

Головите за Англичаните ги постигнаа Рахим Стерлинг во 16 и 38-ма и Маркус Рашфорд во 30. минута.

Пако Алкасер во 58. и Серхио Рамос во 90+8 минута погодија за „Црвената фудрија“.

Ова беше дуел од 3.коло четврта група во А-дивизија од Лигата на нации.

И покрај поразот Шпанија е прва на табелата со шест бода, Англија има четири, Хрватска е последна со еден бод и натпревар помалку.

Коронавирус