петок, 23. јули 2021. Вести денес: 172
home Фудбал

Англија е прв фаворит за освојување на титулата на Европското првенство

Англија е прв фаворит за освојување на титулата на Европското првенство

Вчера и официјално завршија осминафиналните натпревари на континенталниот собир, а денешниот и утрешниот ден учесниците во четвртфиналната фаза ќе ги искористат за одмор и анализа на своите следни ривали.

Имаше доста изненадувања во осминафиналето на Европското првенство, елиминирани беа досегашниот европски шампион Португалија, па актуелниот светски првак Франција, а вчера и селекцијата на Германија која вчера загуби на „Вембли“ од Англија.

Светските обложувалници повторно ги даваат своите предвидувања, во пресрет на четвртфиналните дуели в петок и сабота, за нив сега прв фаворит за титулата е селекцијата на Англија.

Англичаните кои досега своите мечеви ги играа во својот „храм“, следниот дуел ќе го имаат во Рим против Украина на „Олимпико“.

Тоа би им единствениот меч надвор од својата земја, а доколку триумфираат избраниците на селекторот Саутгејт ќе се вратат на „Вембли“ каде што ќе се играат полуфиналните мечеви и финалето.

После Англија, следува Шпанија како втор најголем фаворит за трофејот, на третата и четвртата позиција се Италија и Белгија, зад нив Данска и Швајцарија, а најмали шанси им се даваат на Чешка и Украина.

Коронавирус