сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 24
home Фудбал

Ангеловски пред Финска: Да ја продолжиме серијата натпревари без пораз

Ангеловски пред Финска: Да ја продолжиме серијата натпревари без пораз

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски денеска пред натпреварот со Финска во Белек, Турција, изјави дека очекува позитивен резултат и дека неговите избраници ќе го дадат максимумот.

– Максимално сме фокусирани на нашата игра. Станува збор за репрезентација која што нема пораз во последниве шест средби, така што навистина ќе мора да покажеме максимум. Ќе биде убаво да ја продолжиме серијата на настапи без пораз, а нашата намера е да сториме се за да стигнеме до победа против Финска, изјави селекторот Ангеловски.

Селкеторот зборуваше и за претстојните натпревари во Лигата на нациите и евентуалните рокади кои мора да ги прави за да останат фудбалерите свежи.

– Ова се наши последни тестови пред Лигата на нации и ние сериозно им приоѓаме на мечевите со Финска и Азербејџан. Во Лигата на нациите натпреварите се во 9 дена, можно е да се случуваат ротации за да имаме подобар стартен ростер. Затоа овие два натпревари во четири дена се сериозен тест за нашите вредности. Некои играчи имаат проблеми со минутажата во сопствените клубови, но ние мора да им дадеме шанса да играат. Мислам дека сите што ќе добијат можност за настап, и на денешниот меч против Финска, а и по четири дена со Азербејџан, ќе ја искористат на најдобар можен начин, смета селекторот.

Дуелот меѓу Македонија и Финска ќе се одигра денеска, со почеток во 17 часот по македонско време, во комплексот „Глорија Арена“ во Белек.

Коронавирус