понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 42
home Фудбал

Ангеловски повика 20 фудбалери за тренинг-камп во февруари

Ангеловски повика 20 фудбалери за тренинг-камп во февруари

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски објави список од 20 фудбалери кои ќе ги повика за тренинг-камп кој ќе се одржи од 15 до 17 февруари.

Најголем дел од фудбалерите се од македонското првенство, но има неколку и од странство кои добија дозвола од своите клубови да дојдат.

Кампот ќе се одржи на тренинг центарот „Петар Милошевски“, а повиканите фудбалери ќе одиграат и пријателски меч со Работнички на 17 февруари. Целта е да се бараат нови репрезентативци.

„На тренинг кампот повикавме 20 фудбалери. Најголемиот дел доаѓаат од клубовите од домашниот шампионат, а неколкумина од странство. Клубовите добија дозвола од ФИФА да ги задржат своите фудбалери во мартовскиот термин за репрезентативни натпревари, а тоа значи дека изборот на фудбалери ни е значително скратен, освен се разбира за оние кои ќе добијат дозвола од своите клубови. Нашата намера е евентуално да го дополниме главниот репрезентативен список со имиња на фудбалери кои ќе остават силен впечаток на тренинг кампот и на контролниот натпревар против Работнички. Се надевам дека овој тренинг камп ќе биде од корист за сите, изјави селекторот Игор Ангеловски.

Списокот на повикани фудбалери:

Голмани: Ристо Јанков (Работнички), Костадин Захов (Шкендија);

Одбрана: Филип Најдовски (Тирана, Албанија), Томе Китановски (Македонија Ѓ.П.), Коста Манев (Академија Пандев), Есмин Личина (Македонија Ѓ.П.), Фатих Исмаили (Шкупи), Блертон Шеји (Струга Трим Љум), Ангелче Тимовски (Силекс);

Среден ред: Енур Тотре (Шкендија), Ѓорги Стоилов (Академија Пандев), Марјан Радески (Академија Пандев), Матеј Цветановски (Шкупи), Агон Елези (Вараждин), Али Адем (Шкупи), Лука Станковски (Работнички);

Напад: Марко Ѓорѓиевски (Раднички Пирот, Србија), Џемал Ибиши (Дубрава, Хрватска), Дашмир Елези (Шкендија), Љупчо Дориев (Шкендија).

ЕУРО 2020

Македонија