недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 74
home Фудбал

Aнгеловски: Не знам дали ќе ја водам Македонија на Европското првенство

Aнгеловски: Не знам дали ќе ја водам Македонија на Европското првенство

Селекторот Игор Ангеловски имаше интервју за „ТВ Арена Спорт“ и во ова интервју порача дека кога е неговиот договор во прашање се уште ништо не се знае.

Договорот на Ангеловски како што е познато истекува на крајот 31. декември, тоа е за неколку дена. Разбирливо цела македонска спортска јавност очекува истиот да му биде продолжен затоа што тој е човекот за првпат ја одведе Македонија на едно сениорско ЕП. Засега ниту Мрме не знае дали ќе ја води Македонија на Европското првенство.

– Договорот ми истекува на крајот на 2020 година и не знам дали ќе ми биде продолжен. Поради тоа не можам да зборувам за целите на репрезентациите. Искрено, не знам дали ќе поминам како Славољуб Муслин во Србија. Што е до мене јас сум расположен да работам и сега се е на националната федерација, ќе ја чекаме нивната одлука. До тогаш ќе уживам со семејството, тие многу трпеа поради моите обврски, изјави Ангеловси.

Проговори и за групата во квалификациите за СП 2022.

– Нема дилеми дека Германија е фаворит за првото место. Ние со Исланд, Романија и Ерменија ќе се бориме за второто место. Секако тука е и Лихтенштајн на кого треба да му се даде внимание, порача Мрме.

Извор: Спортски.мк

Коронавирус