среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 0
home Фудбал

Ангеловски меѓу кандидатите за нов тренер на Хајдук

Ангеловски меѓу кандидатите за нов тренер на Хајдук

Поранешниот македонски фудбалски селектор Игор Ангеловски е во потесниот круг кандидати за нов тренер на хрватскиот прволигаш Хајдук, јавија денеска локалните медиуми.

Ангеловски (45), според весникот „Слободна Далмација“ со својата возраст и ентузијазам се вклопува во плановите на раководството на сплитскиот клуб за нов шеф на стручниот штаб, кој треба да го наследи Јенс Густафсон, кому денеска му беше врачен отказ.

Ангеловски е без ангажман од завршувањето на ЕУРО2020 на кое за првпат во историјата ја одведе македонската репрезентација.

Коронавирус