петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Ангеловски: Македонијо само храбро, ќе го победиме и ова

Ангеловски: Македонијо само храбро, ќе го победиме и ова

Време е за домашен карантин, време е за чување на своето здравје, здравјето на своите најблиски. Во екот на коронавирусот кој прави ршум низ светот, и во нашата земја граѓаните се во домашен карантин. Еден од нив е селекторот на нашата фудбалска репрезентација Игор Ангеловски, кој строго се придржува на препораките на надлежните во овој период.

А специјално за СПОРТМЕДИА, покрај другото, ни опиша и како минува еден негов ден во домашен карантин.

„Секако дека сум дома, заедно со своето семејство, децата Лука, Луна, Леа и сопругата Тања. Досадно е, тоа сите го знаеме, но нема друго, мора да се добие оваа битка. Затоа им порачувам на сите наши граѓани да бидат храбри, Македонија да биде храбра, и дека ќе го победиме и ова зло кое се вика коронавирус. Инаку се навикнав на некое секојдневие, прво им помагам на децата во следење на онлајн училишната настава, потоа тука сум и за некои домашни потреби, а со Лука, Луна и Леа се релаксирам со играње на „Не лути се човече“. Се разбира дека голем дел од денот го минувам пред ТВ или компјутерот, се подготвувам, спремам тактики за тоа што не очекува. Ете, така ми поминува секојдневието во време на коронавирусот“ истакнува Ангеловски.

Целиот текст може да го прочитате ТУКА

Коронавирус