сабота, 31. јули 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Ангеловски ќе направи крупен чекор во кариерата: Веќе стапил во контакт со турскиот гигант?

Ангеловски ќе направи крупен чекор во кариерата: Веќе стапил во контакт со турскиот гигант?

Пред неколку дена се појави шпекулацијата дека Игор Ангеловски е мета на Фенербахче за тренерски ангажман, но во тие информации, селекторот на Македонија беше ставан во контекст на втор избор на турскиот клуб.

Селекторот кој прв ја однесе репрезентацијата на Македонија на едно Европско првенство, најави дека се повлекува од селекторското столче, со што стана јасно дека тој ќе побара ангажман во некој клуб можеби и надвор од државата.

Сега весниците во Турција пишуваат дека Мрме веќе имал остварен контакт со претседателот на клубот Али Коч, кој бил сериозно импресиониран од она како Мрме ја водел репрезентацијата на Македонија.

Познатиот турски весник „Фанатик“ тврди дека сега Ангеловски се наметнува како прв избор на Фенербахче и дека во следните две недели ќе се знаат конкретни детали.

Во игра за тренер е и Славен Билиќ, па таму ќе се кршат копјата во управата на Фенер, дали да го донесат хрватскиот стратег или Игор Ангеловски.

Да се потсетиме, во минатото токму Ангеловски го извади на голема сцена Елиф Елмас во Работнички, за потоа да биде продаден токму во Фенербахче.

Коронавирус